|
|
| Хидробиолошкиот Институт, основан во 1935 година е јавна владина високо образовна и научно-истражувачка организација од национален интерес која ги покрива истражуваните
субјекти на лимнологијата, како природните езера (главно) така и вештачките езера и реките. Главната преокупација е лимнологијата на природните езера на Република Македонија (Охридското, Преспанското
и Дојранското), со особена нагласеност на Охридското Езеро - најстарото езеро во Европа и најголемото и најдлабоко во Македонија. |
 |
Поспецифичните полиња на истражувања во Институтот се организирани во следните одделенија: физичко-хемиско, микробиолошко, фитопланктон (алги и примарна продукција),
зоопланктон, макрозообентос, макрофитска вегетација, ципринидни риби, применето рибарство и аквакултура, паразитологија на риби, еко-токсокологија и молекуларна биологија. Уште од самото негово формирање
Институтот располага и со мрестилиштето за пастрмски видови со капацитет од 20 милиони зрна икра, младици или подмладок на ендемските видови пастрмки од Охридското Езеро. |
|
| Во последните пет години Институтот беше опремен со високо софистицирана теренска и лабораториска опрема за потребите на истражување и Програмата за мониторинг
на Охридското и Преспанското Езеро (двете најголеми езера во Р. Македонија), како и за изведување лимнолошки истражувања на други природни и вештачки езера. |
 |
 |
|
| Моментно покрај високо софистицираната лабораториска опрема, Институтот е опремен и со брод за теренска работа на Охридското Езеро (11.5 м.), опремен со кран
и чекрк, радар и ехо-сондер со ГПС, профајлер (темепература, пХ, спроводливост, О2), ПАР (фото активна радијација), опрема за семплирање седименти, опрема за семплирање проби на води, планктонски мрежи
итн. |
 |
Во текот на долгогодишните истражувања на Охридското Езеро повеќе од 800 трудови се публицирани и презентирани. Традиционално, истражувањата на Хидробиолошкиот
Институт биле фокусирани на фундаменталната хидробиологија. Ова ги вклучува некои нутриенти, температура (струења и миксија), проѕирноста на водата, примарна продукција, хлорофил, флора и фауна, ендемизам,
специјација, а во последните три децении следењето на состојбата со загадувањето и еутрофикацијата на езерото е една од истражувачките активности. |
|
|
|