Одделение за зоопланктон

Објавено: Четврток, 28 Јули 2016

Одделението за зоопланктон при ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид основано е во 1951 година. Во периодот од 1950-1986, континуирани истражувања на зоопланктонот се вршени од страна на Д-р Јорданка Серафимова Хаџишче

Научниот кадар во ова одделение е:

goce kostoskiД-р Гоце Костоски
научен советник, раководител на одделението
 dafina guseskaД-р Дафина Гушеска
научен советник
 orhideja tasevskaД-р Орхидеја Тасевска
виш научен соработник

 

Тековни активности:  

  • Примарна активност на одделението за зоопланктон се континуирани истражувања на зоопланктонот во пелагијалот и литоралот на Охридското Езеро: таксономија, морфологија, екологија и репродукција, и врз основа на добиените резултати, одредување на степенот на стабилност на екосистемот.
  • Истражување на животниот циклус на претставниците на Цопепода и Цладоцера од пелагијалот на Охридското Езеро во природни и лабораториски услови: продукција на јајца, ембрионален развиток на јајцата, постембрионален развиток на ларвите (науплиални и копеподидни), смртност на ларвите.
  • Одредување на биомасата на претставниците од зоопланктонската заедница.
  • Истражување на влијанието на антропогениот фактор врз промени на зоопланктонот во литорални региони на езерото со цел навремено согледување на опасноста од еутрофикација на езерото, како и превземање соодветни мерки за неговата заштита.
  • Одредување на зоопланктонски видови од Rotifera, Crustacea (Copepoda, Cladocera) како биоиндикатори на степенот на трофијата на езерската вода
  • Истражувања и на Преспанското и  Дојранското Езеро.

Апликативни истражувањата: 

  • Биолошки анализи на водите за пиење во градови од Р. Македонија кои, за преработка, користат површинска сирова вода.
  • Биолошки истражувања на сите акумулации(вештачки Езера) во Р. Македонија.

Планирани истражувања:

  • Проценка на хранливата вредност на зоопланктонот (одредување на  јаглехидрати, протеини и липиди)
  • Одредување на интродукцијата на тешки метали во зоопланктонот
  • Односот на зоопланктонските промени и исхраната на охридската пастрмка во Охридското Езеро.