90 години Хидробиолошки завод – Охрид
Објавено: Сабота, 13 Септември 2025
Во тивката величественост на „Св. Софија“, храмот на мудроста и светлината, под високо покровителство на Претседателката проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, го одбележавме јубилејот – 90 години Хидробиолошки завод – Охрид.
Во ова свето место, каде што духовноста ги издигнува луѓето, науката најде своја симболика: и двете бараат вистина, и двете се стремат кон светлина.
Како што верата ги чува корените на човекот, така и науката ја чува природата и иднината на генерациите.
Со денешната академија не одбележавме само деведесет години од постоењето на Хидробиолошкиот завод – Охрид, туку се потсетивме и на долгото патување исполнето со предизвици, посветеност и научни достигнувања кои оставија траен белег врз развојот на научната мисла во нашата земја.
На 90 години од неговото основање, нашата мисија продолжува – со уште поголема посветеност, со визија за иднината и со вера дека науката и природата мораат да одат рака под рака.











































