Ново партнерство за развој на науката и образованието!

Објавено: Недела, 28 Јуни 2026

На 17 јуни 2026 година, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип претставуван од ректорот проф. д-р Дејан Мираковски и ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид, претставуван од д-р Орхидеја Тасевска, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се отвораат нови можности за заеднички научно-истражувачки проекти, размена на знаења и искуства, како и поддршка на младите истражувачи и студенти.

 

Оваа соработка претставува важен чекор кон унапредување на научните достигнувања, јакнење на институционалните капацитети и создавање нови перспективи во областите на природните и техничките науки, животната средина и одржливиот развој.

 

Заедно градиме посилна научна заедница и инвестираме во знаење за иднината. 📚🔬