Посета на Nicole Vernes, Charge d'Affaires на Амбасадата на САД

Објавено: Вторник, 18 Август 2026

Со особено задоволство ја пречекавме г-ѓа Nicole Vernes Chargé d’Affaires a.i. на Амбасадата на САД.

Посетата беше можност за запознавање со научноистражувачката работа, експертизата и капацитетите на Институтот, како и со неговата долгогодишна посветеност на истражувањето и заштитата на водните екосистеми, со посебен фокус на Охридското и Преспанското Езеро.

Во текот на посетата беа презентирани активностите на Институтот во областа на лимнолошките истражувања, вештачкиот мрест на охридската пастрмка, мониторингот на состојбата на водните екосистеми, биолошката разновидност, влијанието на климатските промени и антропогените притисоци, како и тековните проекти и меѓународни партнерства.

Посебен акцент беше ставен на потребата од континуирана поддршка на научните институции кои имаат клучна улога во заштитата на исклучително вредните природни богатства.

Во исто време се разговараше за понатамошна соработка, поврзување на научната заедница со меѓународни партнери и поддршка на иницијативи насочени кон зачувување на природното наследство и одржлив развој.

Благодарни сме за интересот и поддршката на научната работа на Хидробиолошкиот институт и веруваме дека ваквите средби придонесуваат за отворање нови можности за соработка и заедничко дејствување во интерес на заштитата на природата и иднината на Охридско-преспанскиот регион